Кокшаров: Ако треба и со голман ќе играме на бековската позиција, ама не се предаваме

Вардар го победи Мотор со 44-37, но најверојатно го загуби и Кристијан Дисингер. Германскиот интернационалец го повреди скочниот зглоб на овој меч и им се придружи на големиот број повредени ракометари во „црвено-црниот“ табор. Сега само Сташ Скубе е употреблив на бековските позиции, а тренерот Едуард Кокшаров вели дека Вардар не се прадава, па дури и ако треба да игра голман на бековска позиција.

Вардарци ги очекува гостување кај Киелце во Лигата на шампионите.

„Дојдовме до победа, а поголем период ги држевме главните играчи на терен. Од бековската линија остана само Скубе, втор натпревар по ред крилата играа како бекови. Но, ситуацијата е таква. Сега ќе размислуваме за мечот против Киелце во ЛШ. Ќе одиме да се бориме до последен атом, ако треба, ќе играме и со голмани на бековска позиција, ама нема да се предадеме“, изјави тренерот на Вардар на прес – конференцијата по дуелот со Мотор во СЕХА-лигата.

Се вчитува...