КОМПЛЕТНАТА ТРАНСФЕР ЛИСТА ВО ВТОРАТА ЛИГА: Гостивар и Воска Спорт со најмногу засилувања кон Првата лига…, Вардар и Пелистер во трка од сенка!

Со натпреварите од 16. коло денеска од 14 часот стартува пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.

Сосема е јасно дека лидерот по есенскиот дел, екипата на Гостивар ја носи фаворитската улога за првото место, а Воска Спорт, Вардар и Пелистер ќе бијат битка за второто место кое носи директно во Првата лига, и распределба на останатите две позиции кои, пак, носат во баражот за место во елитата.

Гостиварци патот кон прволигашкото друштво ќе го бараат со осум засилувања меѓу кои и Симеон Христов од Вардар, но и Фисник Зука и офанзивецот Фахрудин Ѓурѓевиќ од Македонија ЃП.

Шест засилувања има и Воска Спорт, а Вардар кој е втор по есенскиот дел од првенството е кадровски ослабен по заминувањето на осум фудбалер, меѓу кои и стандардните првотимци од есенскиот дел, Јован Попзлатанов, Симеон Христов, Никола Величковски, Кире Маркоски, Никола Ристески…

Пелистер дефинитивно ќе делува од сенка, но засилен на клупата со поранешниот македонски селектор Бобан Бабунски и дефинитивно ќе се обиде да дојде до една од двете водечки позиции. Битолчани по есенскиот дел се на четвртата позиција со седум бода заостанување зад водечкиот Гостивар, а шест бода зад второпласираниот Вардар.

Во битката за опстанок, пак, веќе е јасно дека Борец може само чудо да го спаси. А, Тетекс со комплетната реконструкција на тимот и под водство на Љупчо Марковски – Калц, и тоа како ќе се обиде да ја избегне претпоследната позиција. „Штофарите“ имаат 13 нови имиња за пролетниот дел и сигурно тим кој може да се избори за опстанок во битката со Слога Виница, Каменица Саса и Локомотива.

КОМПЛЕТНАТА ТРАНСФЕР ЛИСТА – ВТОРА ЛИГА

Се вчитува...