Коронавирус и во КК Пелистер, цел тим во самоизолација

Натпреварот меѓу Кожув и Пелистер во рамките од првото коло во домашното првенство нема да се одигра утре како што беше планирано, по позитивните тестови на коронавирус во редовите на битолскиот клуб. Сите кошаркари на Кожув беа негативни, но денешните тестирања на „пелистерци“ покажаа дека тројца играчи на битолскиот прволигаш се позитивни.

Поради ова, на целокупната екипа и стручниот штаб на КК Пелистер им е издадено решение за самоизолација во наредните седум дена, што практично значи дека битолчани ќе мораат да ги одложат најмалку првите две средби од новата сезона.

Покрај дуелот Кожув – Пелистер, нема да се игра ниту мечот меѓу Вардар – Црн Дрим, бидејќи и на „црвено-црните“ им беше одредена самоизолација по позитивниот тест на еден кошаркар.

Се вчитува...