Уште една прекрасна фудбалска приказна завршува летово, откако Санти Казорла објави дека става крај на својата професионална кариера.
Шпанскиот ас реши на 41-годишна возраст да ги закачи копачките на клин откако му се исполни големата желба, да се врати назад во својот Овиедо и да настапува за овој тим во Примера. Казорла даде значаен придонес во влезот на Овиедо во Ла Лига, ланската сезона настапуваше за својот тим од детството, по што очекуван беше последниот развој на настаните и неговата објава за пензионирње.
„Сега кога сум се поблиску до крајот, додека ги подготвувам копачките, кога „џагорот“ го отстапува своето место на тишината, се добива смисла – затоа што овој крај не се случил било каде, се случува додека сум дома“, порача Казорла во видеото објавено на своите профили на социјалните мрежи.
„Овиедо и Санто Казорла го привршуваат едно од најубавите поглавја во поновата историја на клубот. Санти одлучи да се врати за минимална плата, ни ги отстапи сите права за користење на неговиот лик и името, се за да му помогне на Овиедо. Благодарни сме му за се“, порачаа од Овиедо.
— Santi Cazorla (@19SCazorla) July 2, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
