Крај на љубовта: Тоти се разведува од Илари Бласи

Легендарниот италијански фудбалер Франческо Тоти денеска објави дека по 20 години брак се разведува од сопругата Илари Бласи.

Италијанските таблоиди во изминатите месеци шпекулираа за семејните проблеми на легендата на Рома, кој денеска самиот потврди дека е дојден денот за разделба од Бласи.

„По 20 години минати заедно, мојата врска со Илари за жал мора да заврши. Се обидов да ги надминам кризните моменти во бракот, но сега јасно гледам дека колку и да е болна, разделбата е неизбежна. Се што кажав и правев во изминатите месеци беше за да ги заштитам нашите деца, кои секогаш ќе бидат приоритет во мојот живот. Ќе останам близок со Илари за заедно да ги воспитаме и израснеме овие три прекрасни деца“, објави Тоти.

Се вчитува...