„Кралски камп“ во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За првпат на Балканот, македонската метропола ја има честа да биде домаќин на фудбалскиот камп на Фондација на Реал Мадрид. Од денеска, па до 15 јуни, на комплексот во Куќата на фудбалот, повеќе од стотина момчиња и девојчиња од 7 до 17 години, ќе бидат учесници на кампот кој е во организација на компанијата „Спорт арена“.

На денешното свечено отворање присуствуваа претставници на Владата, Агенцијата за млади и спорт, Фудбалската федерација на Македонија и секако најповиканите, младите фудбалери кои во наредните пет дена ќе го искусат Campus Experience Macedonia.

 

Се вчитува...