Крис Фрум по една деценија го напушта „Инеос“

Кристофер Фрум нема да го продолжи договорот со „Инеос“. Четирикратниот освојувач на „Тур де Франс“ кариерата ќе ја продолжи во израелскиот тим Старт-ап Нејшн. Со тоа ќе биде завршена десетгодишната соработка меѓу Фрум и британскиот тим.

„Поминав феноменални десет години со тимот. Направивме многу работи заедно. Се радувам на новиот предизвик во продолжението на кариерата. Сепак, моментално сум фокусиран само на освојување на петтиот „Тур де Франс“ со Инеос“, изјави Фрум. 

За потсетување велосипедската сезона ќе продолжи со „Тур де Франс“ кој поради пандемијата од коронавирусот ќе стартува на 29. август.

 

Се вчитува...