Кристијано Роналдо оставил голем „бакшиш“ на одмор во Грција

Пред преселбата во Торино и почетокот на новата сезона во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо поминал неколку денови со своето семејство на одмор во Грција.

Роналдо и неговото семејство престојувале во луксузниот хотел Коста Наварино во местото Месиниа на Пелапонез. Португалската ѕвезда заедно неговата девојка Георгина Родригез и синот Кристијано Јуниор, во луксузниот ресорт пристигнале со неговиот приватен авион. и имале посебен третман и целосна приватност.

Вработените во хотелот сигурно долго ќе паметат престојот на Роналдо и поради богатиот „бакшиш“ што им го оставил на заминување.

 

Англиските медиуми објавија дека Роналдо го прекинал одморот за да замина на лекарски прегледи во Торини и на официјалното претставување во Јувентус. На заминување тој оставил „бакшиш“ од 17.850 фунти и од менаџерот на хотелот побарал парите да бидат поделени подеднакво на сите вработени.

Од Грција, Роналдо отпатувал во Италија каде во понеделникот беше официјално претставен како ново засилување во тимот на Јувентус со кој потпиша договор на четири години.

Се вчитува...