Кристијано Роналдо предизвика хаос во Техеран (ВИДЕО)

Саудискиот клуб Ал Наср предводен од Кристијано Роналдо доби неверојатен пречек во Техеран каде ќе одигра натпревар против Персеполис во азиската Лига на Шампиони.

Низ целиот град можат да се видат транспаренти кои им посакуваат на саудиските гости добредојде, а навивачите во голем број го испратија и автобусот. Преплавен од фанови е и хотелот каде се сместени гостите, а љубителите на фудбалот даваат и се од себе да стигнат до фотографија и потпис од легенарниот Португалец, пренесуваат тамошните медиуми.

За жал натпреварот против Персеполис и Ал Наср нема да биде одигран пред публика со оглед на сакциите од страна на Азиската конференција.

Се вчитува...