Кукурела: Го избрав Реал Мадрид поради мистиката која ја има клубот

Шпанскиот репрезентативец Марк Кукурела е едно од најголемите засилувања на Реал во овој преоден рок. Барселона, каде што порасна, исто така беше заинтересирана, но тој сепак го избра својот најголем ривал.

Иако Kукурела ја посетуваше познатата Ла Масија, тој никогаш не доби вистинска шанса во првиот тим. Но, во меѓувреме, тој се прослави во Премиерлигата, како и во репрезентацијата. Двата најголеми шпански клуба се бореа за него, а тој го избра Реал.

„Зошто го избрав Реал? Па, мислам дека го видов тоа во многу од нивните чудесни пресврти. Мислам дека имаат одредена мистика. Не знам како да го објаснам, освен неверојатно“, рече Кукурела.

Се вчитува...