Куман го скрати списокот за ЕВРО 2024: Отпадна асот што ќе игра во финалето на ЛШ

Холандскиот селектор денеска го скрати списокот на патници за ЕВРО 2024 објавувајќи го списокот од 26 фудбалери на чии услуги ќе смета на претстојниот континентален собир.

Иако се повредени, Куман реши да ги вклучи Френки де Јонг и Мемфис Депај на списокот на патници за Германија, изразувајќи оптимизам дека двајцата ќе можат да се рехабилитираат навреме за настапат за „лалињата“ на овој европски шампионат.

„Френки ќе се појави во тренинг-кампот в сабота, но состојбата му се подобрува. Можено е да игра веќе на првиот меч против Полска на 16 јуни во Хамбург. Имавме проблематичен период со многу повреди, јас сум тој што мора да пресече, да донесе конечна одлука“, изјави Куман.

Холандскиот кормилар изненади со одлуката воопшто да не го повика Јан Матсен, одличниот лев бек кој блеска во дресот на Борусија Дортмунд и в сабота ќе настапи во големото финале од Лигата на Шампионите. Покрај него, во однос на претходниот список отпадна и Де Рон од Аталанта, кој е повреден, како и Тимбер и голманот Ник Олиј.

Холандија е дел од групата Д на овој европски шампионат заедно со селекциите на Франција, Австрија и Полска.

Се вчитува...