Кузмановски се ожени со братучетка на Манасков (видео)

Филип Кузмановски денеска доби „слободен ден“ од селекторот Брестовац, а ракометарот на Магдебург го искористи доаѓањето во Македонија за да ја круниса со брак врската со својата девојка Моника Игнова.

Битолчанецот му стана зет на репрезентативниот колега Дејан Манасков, со оглед на фактот дека Игнова е негова братучетка. Видеото од свадбата го објави токму Манасков на својот инстаграм-профил.

Се вчитува...