Ракометарите на Е. Пелистер во вторникот ремизираа на гостувањето кај Вибжеже (31:31) во натпревар кој помина во знакот на капитенот на битолчани, Филип Кузмановски.
Кузмановски беше фантастичен, и покажа зошто се смета за една од најголемите ѕвезди во ЕХФ Лигата на Европа.
Тој постигна 15 голови, а медиа тимот на ЕХФ, импресиониран од неговата игра во Полска, објави видео со сите голови кои ги постигна против Вибржеже насловувајќи го видеото „МВП издание“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
