Легендата на Ајакс со остри критики: Фудбалот во Холандија треба да запре

Најголемото холандско дерби меѓу Ајакс и Феенорд во Амстердам беше прекинато е во 55. минута поради дивеење на домашните навивачи кои не беа задоволни од насапот на својот тим при негатива од 0-3.

Главниот судија ги испрати актерите на теренот кон соблекувалната, а бесните навивачи се обидоа да влезат во клупските простории. Во обидот ги спречи полицијата, но дивеењето продолжи со физичка пресметка за која органите на редот мораа да употребат солзавец.

По целиот инцидент за холандските медиуми говореше Марко ван Бастен, поранешната легенда на клубот кој упати жестоки критки.

„Дали имам решение? Не, немам. Се прашувам само дали треба да се стопира целиот професионален фудбал во Холандија. Само да престанат нередите. Мислам дека тоа е решение бидејќи секој пат има некој инцидент. Ова беше намерна акција.

Луѓето тоа намерно го прават. Ако не можеме да се однесуваме примерно на стадионот тогаш треба да престанеме со фудбал. Очигледно дека нема друг начин. Празните стадиони не се опција, видовме дека ова нема врска со фудбалот во времето на корона.

Ако навистина поентата е да го спречиме насилството тогаш политичарите од ова треба да направат проблем. Ова е лудо. Едноставено треба да биде 0-3 за Феенорд и покрај тоа што тие ќе кажат дека можеле да дадат уште некој гол. Ако е така тогаш нека биде 0-5“, изјави Ван Бастен.

Се вчитува...