Лејкерс имаат нови „чирлидерки“ – Венус, Гронк, Корден… (ВИДЕО)

Еден од најтрофејните клубови во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс, внесе револуција во настапите на популарните „чирлидерки“. На полувремето на синоќешниот натпревар против Оклахома Сити Тандер, покрај девојките кои се дел од „чирлидерките“ на Лејкерс, на паркетот се појавија и легендарната тенисерка Венус Вилијамс, пензионираниот НФЛ ас од Њу Ингланд Петриотс, Роб Гронковски, како и популарниот водител на „Лејт лејт шоу“, Џејмс Корден.

Се вчитува...