Лео Меси е татко за пример

Ѕвездата на Барселона, Лео Меси, на најдобар начин ја искористи кусата пауза во шпанското првенство. Меси не е во составот на аргентинската репрезентација за претстојните контролни натпревари и тоа му овозможи да има малку повеќе слободно време.

Меси реши овие денови да му се посвети на семејството и на своите синови. Аргентинскиот фудбалер како грижлив татко ги однесе двајцата синови, Тиаго и Матео во училиште и во градинка. Меси ужива во оваа улога и со задоволна насмевка ги заврши овие родителски обврски.

Заедничката фотографија со синовите, Меси ја сподели на Инстаграм и само за неколку часа доби над 4 милиони лајкови и многу комплименти и пофалби од неговите фанови.

Меси е во брак со својат школска љубов Антонела Рокузо со која имаат три деца – Тоаго, Матео и Киро.

Се вчитува...