Леонардо Бонучи беше еден од хероите на Италија на вечерашното финале, постигнувајќи најпрвин гол за израмнување во 67. минута, а потоа и реализирајќи удар од белата точка во пенал-рулетот.
Дефанзивецот на Јувентус воедно испиша историја станувајќи највозрасен стрелец во историјата на финалињата на ЕП, биејќи прецизно на возраст од 34 години и 71 ден.
„Фудбалот се враќа во Рим“, еуфорично им порача Бонучи на Англичаните за време на прославата, како одговор на нивните коментари „Фудбалот се враќа дома“ во текот на овој шампионат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА