Лесор: Србите се многу луди, никогаш нема да ја заборавам свадбата на која бев кум (ВИДЕО)

Ден по големото дерби помеѓу Црвена Звезда и Партизан во Евролигата, центарот Матијас Лесор беше кум на свадба на верен навивач на „црно-белите“ кој својата жена ја запроси на натпреварот против Баерн Минхен. Настанот предизвика голем интерес во јавноста, а сега Французинот проговоре за свадбата.

Тој вели дека прославата се разликува во однос на свадбите во Франција, Србите се луди, а никогаш нема да го заборави настанот.

„Чест ми беше да бидам повикан, а јасно и да бидам кум на таква прекрасна прослава. Пресреќен сум за нив, супер си поминав. Тоа беше прва свадба во Србија. Сакав да видам како изгледа тоа тука и можам да кажам дека Србите се многу луди. Среќен сум што можев да доживеам такво нешто. Прославата, песните, се многу се разликува од Франција. Супер си поминав и никогаш нема да ја заборавам свадбата“, изјави Лесор.

Се вчитува...