Лев: Шансите за гол мора да ги искористиме, ќе има промени во тимот за Македонија!

Германија ја победи Романија со минимален резултат од 1-0 со голот на Серж Гнабри  на гостувањето во Букурешт. Тимот на Јаоким Лев успеа да стигне до втора победа во овие мундијалски квалификации, но селекторот исткана дека не е задоволен со реализацијата на своите фудбалери.

Лев посочи дека видел многу добри работи во тимот, победата го задоволува, но си призна дека промашените шанси се за критика, нешто што и германските медиуми го посочија откако неколку извонредни шанси промашиле Леон Горецка, Гнабри, Илкај Гундоган и Лирој Сане.

„Ако треба нешто да критикувам, секако тоа е лошата реализација. Имавме одлични шанси, не дадовме гол, а требаше да го ‘убиеме’ мечот, а ние не дадовме втор гол. Но, тимот остана фокусиран, игравме против добра селекција, Романија е една поинаква репрезентација, со многу повеќе квалитет во нападот, со многу потехнички капацитет и многу поголем квалитет од Исланд, кој беше еден поинаков противник“, рече Лев.

Германија после два меча има ибезбедно максимални шест бода, па во среда ќе ја пречека Македонија во Дуизбург во последниот меч од овој мартовски циклус, по што мундијалските квалификации ќе продолжат од септември.

„Ќе видиме сега каква е состојбата со играчите, дали имаме повредени, да видиме и каква енергија имаат. Тоа што ние го посакувавме го остваривме, победивме на два меча за да фатиме ритам. На добар пат сме. Можно е да има некои промени во тимот за мечот со Македонија“, заклучи Лев.

Се вчитува...