Лига на Нации: Хрватска ја надигра Данска за прво место во групата, Турција и Луксембург броеја до шест

Хрватската фудбалска репрезентација е на добар пат да го осигура првото место во групата 1 од А-дивизијата на Лигата на Нации откако со денешната победа од 2-1 на „Максимир“ против Данска се искачи на врвот на табелата.

Откако мрежите мируваа во првото полувреме Соса со гол во 49. минута донесе предност од 1-0 за Хрватска. Радоста траеше до 77. минута кога Ериксен изедначи на 1-1, но само две минути подоцна „Максимир“ еруптираше по одличниот гол на Мејер.

Во оваа група на победа се радуваше и Франција која славеше на домашен терен против Австрија со 2-0. Стелци на головите беа Мбаше во 56. минута и Жиру во 65. минута.

Standings provided by SofaScore

Белгија и Холандија ја продолжија трката за првата позиција во четвртата група од А-дивизија откако двете селекции славеа на коло пред крајот на групната фаза. Белгиците беа подобри од Велс со 2-1, додека Холанѓаните го добија гостувањето во Полска со 0-2.

Standings provided by SofaScore

Драматичен натпревар одиграа селекциите на Турција и Луксембург. Во Истанбул беа постигнати шест гола, а двете репрезентации по три пати ја тресеа мрежата за конечни 3-3. Со освоениот бод Турција ја потврдија првата позиција во Ц-дивизијата. Реми одиграа и Литванија и Фарски острови (1-1).

Standings provided by SofaScore

Се вчитува...