Мемфис Депај може да замине од Лион најдоцна до петок. Потоа тимот ќе биде „заклучен“ и нема да има веќе трансфери најавија од клубот. Ова се толкува како последно предупредување за Барселона која е заинтересирана за Мемфис Депај. Според претседателот на Лион, оние играчи кои нема да бидат заминати в петок, ќе бидат во составот во оваа сезона.
Од друга страна, Француските медиуми денеска инсистираат на тоа дека токму Лион е заинтереисра за реазлицација на трансферот и оти дури би бил согласен и да ја намали цената за Депај. Наводно Лион би се согласил и на помалку од почентите 25 милиони евра на кои инсистираше претходно.
Трансфер прозорецот завршува на 5.октомври, но од францускиот клуб сакаат да го имаат затворен составот четири дена порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА