Се огласи Ливерпул откако Салах не ја освои Златната топка

Церемонијата за доделување на „Златната топка“ во 2025 година во Париз им донесе големо разочарување на навивачите на Ливерпул – нивниот напаѓач Мохамед Салах заврши само на четвртото место.

Египетскиот ас имаше одлична сезона минатата сезона, во која беше вклучен во 57 голови за својот клуб, но наградата на крајот му припадна на Усман Дембеле од ПСЖ. Тинејџерот од Барселона, Ламин Јамал, и соиграчот на Дембеле, Витиња, исто така завршија пред Салах во пласманот.

И покрај тоа што беше меѓу фаворитите, Салах не се појави на церемонијата. Ливерпул во Париз го претставуваа капитенот Вирџил ван Дајк, голманот Алисон Бекер и тренерот Арне Слот.

Откако беше објавено дека нивниот најдобар стрелец завршил на четвртото место, Ливерпул реагираше со објава на социјалните мрежи.

„Сезона на Салах за восхит“, напишаа тие покрај неколку фотографии од Египќанецот.

Се вчитува...