Ловро Кос до прва победа во Светскиот куп во ски-скокови

Словенечкиот ски-скокач Ловро Кос победи на натпреварувањето во Лејк Пласид во САД што беше прв триумф за него во Светскиот куп. Тој собра вкупно 278,9 поени за скокови од 123,5 метри во првата серија и 125 метри во втората серија.

Втор беше Јапонецот Рјоју Кобајаши со 278,1 поени, а трет Норвежанецот Мариус Линдвик со 277,8 поени.

По првата серија Кос беше на шестото место, но во втората одлично скокна и ги искористи лошите услови на скокалницата.

Се вчитува...