Мартина и Ордан Шошески од Прилеп, ќе ја паметат својата свадба како еден од најубавите и најсреќните денови во животот, но и како ден кога потврда за заедничката среќа добиле и во форма на автомобил КИА СПОРТАЖ.
Од излегувањето на инстант лозот АВАНТУРА со премии КИА СПОРТАЖ, Мартина купувала лозови на продажното место АЈ НИКА во Прилеп, со зборовите :„ Јас дојдов по колата“. Но од октомври до пред свадбата добивала само помали парични добивки. Во мај, со Ордан ја подготвувале својата свадба, а таа истовремено земала часови за возачка дозвола, со закажано полагање три дена по свадбата и верувала дека ќе вози КИА СПОРТАЖ.
На денот на венчавката од бројните гости, младенците добиле околу 80 лозови АВАНТУРА, кои ги гребеле ден по свадбата. Со подарокот од трите најдобри другарки на Мартина имало и три коверти со по 6 лозови. Домашната акција на гребење лозови ја споделиле со мајката на Ордан, која токму од ковертот од една од другарките на Мартина изгребала лоз со 3 симболи на автомобил. Отпрвин не верувале дека може навистина да имаат добитен лоз, па сопругот Ордан заминал во АЈ НИКА каде му ја потврдиле добивката, а тој ја раскажал среќната приказна дека лозот го добиле како свадбен подарок. Наредниот ден Мартина уште еднаш отишла во АЈ НИКА со зборовите : „Јас дојдов по колата“, а сопстевникот на среќното место и рекол дека задоцнила бидејќи претходниот ден веќе дошол добитник со добитен лоз и и ја прераскажал приказната на среќниот младоженец која се проширила и низ прилепската чаршија. Мартина весело се смеела и покажувајќи го добитниот лоз рекла :„ Е, јас сум невестата и навистина дојдов по колата“.
Оваа убава приказна ни ја раскажа Мартина при доделувањето на автомобилот. Таа сподели со нас дека во последно време е тренд, на свадба наместо цвеќе или бонбониера да се носат лозови на Државна лотарија на Македонија. И дека тоа е навистина убаво, посебно што се дава можност на младите за дополнителна добивка.
Во Државна лотарија на Македонија ова не е прв случај младенци да добијат поголема добивка од лозовите кои им се носат на свадба. Убаво е да се биде дел од најубавите мигови.
Инаку Мартина и Ордан немале автомобил, а во средата по свадба Мартина положила за возачка дозвола.
Верба во среќата наоѓа свои начини на реализација.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈАЗА ДОБРО !Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА