ЛШ: Челси му „спакува“ три „парчиња“ на Милан, ПСЖ само до бод на гостувањето кај Бенфика (ВИДЕО)

Челси славеше со убедливи 3-0 на домашен терен против Милан во дербито на вечерта во Лигата на шампионите. Весли Фофана во 24. минута донесе водство од 1-0 за домаќините, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел прво Обамејанг во 56. минута зголеми на 2-0, додека конечните 3-0 ги постави Џејмс во 62. минута.  И покрај евроголот на Лионел Меси, Пари Сен Жермен одигра само реми 1-1 на гостувањето кај Бенфика, а два бода на „светците“ им откина автоголот на Данило.

Ерлинг Халанд со два гола го водеше Манчестер сити до нова убедлива победа на домашен терен против Копенхаген од 5-0, а триумф славеа и Реал Мадрид против Шахтјор (2-1), како и Јувентус против Макаби Хаифа 3-1.

 

Chelsea [2] – 0 Milan – Pierre-Emerick Aubameyang 56′ from soccer

Chelsea [3] – 0 Milan – Reece James 62′ from soccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 3. КОЛО: 

Челси – Милан 3-0

Бенфика – ПСЖ

Манчестер С. – Копенхаген 5-0

Јувентус – Макаби 3-1

Севилја – Борусија Д.  1-4

Реал М. – Шахтјор 2-1

Салцбург – Динамо З.  1-0 

Лајпциг – Селтик  3-1

Се вчитува...