ЛШ: Динамо до реми со Салцбург, Ридигер го спаси Реал од пораз, Челси повторно подобар од Милан (ВИДЕО)

Динамо Загреб на нашите Аријан Адеми и Стефан Ристовски одигра без победник 1-1 на домашен терен против Салцбург во натпревар од 4. коло во Е групата од Лигата на шампионите. Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Сејвалд во 12. минута, додека конечните 1-1 ги постави Љубичиќ во 41. минута.

И двајцата македонски репрезентативци стартуваа од првата минута. Адеми беше заменет во 67. минута, додека Стефан Ристовски од игра излезе во 79. минута.

D. Zagreb [1] – 1 Salzburg – R.Ljubicic 41′ from soccer

Челси славеше и на реваншот против Милан овојпат на „Сан сиро“ со 0-2. Гостите поведоа по сомнителниот пенал над Маунт кој го направи Томори за кој доби и црвен картон од главниот судија на мечот. Пеналот успешно го реализираше Жоржињо во 21. минута. Додека конечните 0-2 ги постави Обамејанг во 34. минута.

Шахтјор во самиот финиш пропушти да стигне до сензационална победа над Реал Мадрид откако „кралевите“ со голот на Ридигер во 95. минута успеаја да земат бод (1-1). Украинците претходно во 46. минута поведоа со голот на Зубков. Пари Сен Жермен повторно не победи против Бенфика и како пред седум дена во Лисабон така и вечерва одигра 1-1. Мбапе од пенал ги донесе „светците“ во водство, додека конечните 1-1 ги постави Жоао Марио исто така од пенал.

Shakhtar Donetsk [1] – 0 Real Madrid – Oleksandr Zubkov 46′ from soccer

 

РЕЗУЛТАТИ ЛШ 4. КОЛО: 

Динамо З. – Салцбург 1-1

Милан – Челси 

Борусија Д. – Севилја 1-1

Селтик – Лајпциг 0-2

ПСЖ – Бенфика  1-1

Шахтјор – Реал М. 

 

Се вчитува...