ЛШ: Елмас и Наполи остануваат „перфектни“, „шест во низа“ за Баерн против Барса, крај и за Атлетико (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елјиф Елмас и неговиот Наполи остануваат перфектни сезонава во Лигата на шампионите откако во 5. коло во А групата рутински славеше на домашен терен против Ренџерс со 3-0.

Елмас по долго време конечно беше стартер за својот тим и одигра 73 минути. Творец на победата на „наполитанците“ беше Џовани Симеоне кој ги постигна двата гола во 11. и 16. минута за водство од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Остигард во 80. минута. Во истиот сегмент Ливерпул обезбеди нокаут фаза откако очекувано славеше кај Ајакс со 0-3.

Баерн Минхен со победа од 0-3 на „Кам ноу“ ја испрати Барселона во Лигата на Европа. Водство за Баварците од 0-1 донесе Садио Мане уште во 10. минута,  на 0-2 зголеми Шупо Мотинг во 31. минута, додека Бенџамин Павар во 95. минута ги постави конечните 0-3. Ова за Баерн Минхен беше шеста победа во низа против големиот ривал.

Уште еден шпански клуб доживеа елиминација вечерва. Атлетико Мадрид одигра само реми 2-2 на домашен терен против Баер Леверкузен и по победата на Порто 0-4 кај Клуб Бриж и „душекчиите“ се елиминирани од Лигата на шампионите.

Во лудата Д група последното коло ќе ни ги даде двата тима кои ќе заминат во осминафиналето, откако вечерва Тотенхем и Спортинг Лисабон одиграа 1-1, додека Ајнтрахт беше подобар од Олимпик Марсеј со 2-1.

Napoli [3] – 0 Rangers – Leo Østigård 81’ from soccer

ЛИГА ШАМПИОНИ РЕЗУЛТАТИ 5. КОЛО: 

Ајакс – Ливерпул 0-3

Атлетико М. – Баер Л. 2-2

Барселона – Баерн М. 0-3

Ајнтрахт Ф. – Олимпик М. 2-1

Наполи – Ренџерс  3-0

Тотенхем – Спортинг Л. 1-1

Се вчитува...