ЛШ: Јувентус елиминиран, Дортмунд со бод во 1/8 финале, Милан го „распарчи“ Динамо, ПСЖ броеше до седум

Благодарение на голманот Грегор Кобел, успеа да се одбрани од налетите на Манчестер Сити и да освои бод кој што го води во 1/4 финале. Борусија имаше неколку добри шанси во првиот дел, а во вториот досуден пенал за Сити, но ударот на Махрез го одбрани Кобел и така му донесе бод на Дортмунд, со кој тимот се пласираше во 1/8 финалето.

За таму да оди големи шанси има и Милан кој со 0-4 го „распарчи“ Динамо на Максимир. Во првиот дел Габија донесе предност за Милан, а потоа Леао во 49. минута донесе 0-2. Жиру во 59. минута од пенал зголеми на 0-3, за катастрофа се погрижи автоголот на Љубичиќ во 69. минута.

Ако до пред ова коло имаше некаква теорија, сега повеќе нема за тимот на Јувентус кој е елиминиран од ЛШ. Бенфика слави втор триумф над Јуве со 4-3, и така си обезбеди место во 1/8 финалето заедно со ПСЖ од таа група. Јувентус до 50. минута губеше 4-1 (Силва, Жоао Марио, Рафа Силва два гола), во финишот преку Милик и МекКејни стигна Јуве до намалување на 4-3 и минимален пораз.

ПСЖ со 7-2 го „растури“ тимот на Макаби Хаифа. Меси и Мбапе дадоа по два гола, еден Нејмар и Солер, додека Голдберг си постигна автогол. Сек беше стрелец на двата гола за Макаби.

Селтик и Шахтјор одиграа без победник 1-1, а Лајпциг го порази Реал Мадрид со 3-2. Германскиот тим славеше триумф благодаренрие на головите на Гвардиол, Нкунку и Вернер, а за Реал погодија Винициус и Родриго.


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...