ЛШ: Левандовски и Тер Штеген се спасителите на Барселона, Ливерпул броеше до „седум“ во Глазгов (ВИДЕО)

Одлично почна дербито во Барселона, со шанси на двете страни, а Барса води против Интер на полувреме 1-0. Мхитарјан вадеше од гол линијата, а на другата страна Џеко ја погоди пречката. Како одминуваше полувремето, Барселона притисна, а тоа донесе водство за „Каталонците“ преку Дембеле во 40. минута. Во финишот Рафиња уште еднаш се закани, но топката „профуче“ крај десниот дирек.

Целосен „пад“ на Каталонците во вториот дел, па два гола на Интер за пресврт и „шок“ на Ноу Камп. Барела во 50. минута донесе израмнување на асистенција на Бастони, а потоа Мартинез во 63. минута погоди во мрежата на Тер Штеген за водство и молк на стадионот на Барселона.

Сепак, Левандовски успеа да го совлада Онана и да израмни. Но, тоа не беше крај со головите на овој меч. Нововлезениот Госенс во 89. минута со гол го најави целосниот „шок“ на Барселона. Левандовски е спасителот на Барсa кој во 90. минута постигна гол за 3-3, гол кој ја остави Барса во живот за пласман во 1/8 финалето. И не беше тоа се, Интер имаше „зицер“ во 95. минута преку Аслани, но Тер Штеген успеа да одбрани и така да спаси неговиот тим да не загуби.

Мечот во Лондон меѓу Тотенхем и Ајнтрахт стартуваше офанзивно, па во 14. минута Камада донесе водство за гостите. Сепак, во 20. минута Сон донесе 1-1, а Кејн во 28. минута од пенал се погрижи за пресврт на лондончани. Дека Тотенхем има намера да победи, покажа голот на Сон во 36. минута кога постигна прекрасен гол со волеј за 3-1 на полувреме. Ајнтрахт во 87. минута само успеа да намали преку Алиду, а Кејн промаши пенал во 92. минута.

Баерн Минхен ја осигура победата над Плзен уште во првите 25 минути кога поведе со 0-3. Мане во 10. минута го отвори резултатот, па Милер во 14. минута донесе 0-2, а Горецка во 25. минута зголеми и на 0-3. Целосниот „потоп“ на Плзен го најави Горецка во 35. минута за 0-4 по првиот дел. Баерн се опушти во второто полувреме, па чешкиот тим постигна два гола за конечни 2-4.

Порто дојде до предност во Леверкузен над Баер со голот на Галено уште во 6. минута, а Демирбај во 16. минута не реализираше пенал за домашните. Тоа што не можеше домашниот тим, можеше гостинскиот и тоа два пати. Со два пенали дојде и до 0-3 во вториот дел. Тареми во 53. минута донесе 0-2, а потоа и во 64. минута сигурен од белата точка за 0-3 за Португалците.

Глазгов Ренџерс одлично го стартуваше дуелот со Ливерпул и поведе во 17. минута со голот на Арфилд. Фирмино во 24. минута успеа да израмни. Во вториот дел на стартот Ливерпул со два брзи гола го решава прашањето околу победникот и тоа благодарение на головите на Фирмино и на Нуњез. „Црвените“ не застанаа тука и Салах во 76. минута донесе и 1-4 за Англичаните. Целосниот потоп на Ренџерс го направи вториот гол на Салах за „петарда“ на англискиот вицепрвак. Египѓанецот за шест минути го комплетираше својот „хет-трик“ на овој меч со одличен гол. Елиот во 87. минута со гол за 1-7.

После првиот дел предноста на Олимпик Марсеј во Лисабон против Спортинг гарантира дека ќе дојде до нова победа. Францускиот тим има 0-2 со головите на Гендузи од пенал и на Санчез. Згора на тоа Спортинг игра со играч помалку. Во вториот дел остана истиот резултат.



Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...