Луд пресврт на Монако – „Кнезовите“ до голема победа над шампионот (ВИДЕО)

Монако го совлада Пари Сен Жермен по пресврт со 3-2 во еден луд натпревар од 11. коло од француската Лига 1. Светците во првиот дел поведоа со 0-2 со двата гола на Килијан Мбапе, а им беа и поништени два гола по еден на Мбапе и Кеан.

Откако немаа среќа во првиот дел „светците“, прво Воланд со двата гола успеа да го израмни резултатот, за до крај Фабрегас од пенал да ги постави конечните 3-2. ПСЖ и покрај ремито останува лидер на првенствената табела со 24 бода, додека Монако е сега втор со четири бода помалку.

 

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...