Лудило на „Вембли“: Тотенхем тргна од центар, и Ериксен му даде гол на Јунајтед (ВИДЕО)

Тотенхем на фантастичен начин го стартуваше дербито на „Вембли“ против Манчестер јунајтед. „Спарси“ поведоа веќе по првиот напад откако тргнаа од центарот, а стрелец беше Кристијан Ериксен по само 11 секунди игра. Тоа е втор најбрз погодок во историјата на Премиер – лигата, а првиот исто така е во ’сопственост’ на Тотенхем, и го постигна Ледли Кинг на меч против Брадфорд.

Се вчитува...