Лудиот живот на Адријано: Се ожени, па се разведе за само 24 дена

Адријано можеше да биде еден од најдобрите светски фудбалери доколку не беше неговиот луд приватен живот. Поранешниот голгетер на Интер неславено ја заврши кариерата, а во меѓувреме воопшто не го промени стилот на живот, што му се одразува и во љубовта.

Имено, тој неодамна реши да се ожени со девојката Микаела Москита, со која повеќе од една година беше во врска, но бракот траеше нецел месец – или поточно – само 24 дена.

Бразилските медиујми информираат дека тој по една голема караница си заминал од дома, по што два дена воопшто не се снаело каде се наоѓа. Се додека не се појавил на фотографија на инстаграм, како го гледа мечот меѓу Швајцарија и Бразил во Крузеиро, во друштво на пријатели од детството.

Кога конечно се појавил дома, Адријано повторно влегол во војна со Микаела, по што била донесена одлуката – развод по брза постапка.

Се вчитува...