Шпанија конечно заигра како сериозна репрезентација и ја растури Словачка со 5-0, трасирајќи си го патот кон осминафиналето. Откако беа жестоко критикувани за слабите изданија во првите две кола, овојпат Шпанците одиграа одлично, доминираа на теренот и искористија голем дел од шансите, иако и овој меч започна со големо промашување на Алваро Мората, кој не искористи пенал при резултат 0-0.
Селекторот Луис Енрике имаше причина за задоволство по доброто изднаие на својата селекција, по што успеа да го „пецне“ наредниот ривал – селекцијата на Хрватска.
„Секако дека сме пресреќни, ние секогаш верувавме во себе, но немавме среќа на првите средби и затоа дојде до мала нервоза. Така беше и со Словачка, во првите петнаесетина минути немавме среќа, но потоа се ни се отвори… Имаме добар тим, добар стручен штаб и едвај го чекаме следниот натпревар. Хрватска? Еве прашајте ги Хрватите дали се среќни што ќе играат против нас. Јас знам дека тие не се пресреќни што ние им стоиме на патот, но тоа не значи дека нема да можат да слават против нас. Да бидеме реални, ние се уште имаме работи што треба да ги корегираме во нашата игра“, изјавиЛуис Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА