Луис Суарез продолжува со доминацијата во својот нов клуб, бразилскиот Гремио.
Уругвајскиот 36-годишен напаѓач, поранешна ѕвезда на Ајакс, Ливерпул и Барселона, дојде до извонреден ефект од седум гола за пет меча во дресот на Гремио.
Најновите два гола Суарез ги постигна синоќа во победата од 3-0 над Аиморе. Првиот го постигна во 62. минута за 2-0, а потоа во 86. минута ги постави конечните 3-0.
GOL | Grêmio 2-0 Aimoré
⚽ Luis Suárez pic.twitter.com/dypRcsOXg2
— VAR Tático (@vartatico) February 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА