Лук Шоу го прекина молкот и реши да одговори на критиките упатени кон него од Жозе Мурињо за време на овој европски шампионат. Португалскиот стратег, кој работи како стручен консултант за време на Европското првенство, во неколку наврати коментираше против својот поранешен играч од Манчестер јунајтед, потенцирајќи дека Шо одиграл „драстично лошо“ и при триумфот во третото коло против Чешка.
И додека тие соработуваа за време на мандатот на Мурињо во Јунајтед, дефанзивецот постојано беше мета на критиките на Мурињо поради неговите прикажани игри.
„Очигледно, Мурињо е опседнат со мене и мојот карактер, штом ме спомнува толку често. Немам друго објаснување. Португалецот е неверојатен менаџер, но време е да оставиме некои работи во минатото. Сакам да одам понатаму, а тој очигледно не. Тој не ми веруваше, но јас знаев дека треба само да работам напорно, дека ќе останам во Јунајтед подолго од него. На крајот токму тоа и се случи“, рече Шоу.
Фудбалерот на Англија посочува дека луѓето од неговата околина постојано му ги споделуваат анализите на Мурињо.
„Дури и некои дами велат – Кој е неговиот проблем? Навистина не знам. За време на моите три години во Манчестер, научив многу од него. Она што тој го прави сега, нема никаква врска. Се обидувам да го игнорирам и да се фокусирам на натпреварите што следуваат“, истакна Шо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА