Лука Модриќ има љубовница која веќе не може да ја сокрие

Фудбалерот на Реал Мадрид и капитен на репрезентацијата на Хрватска се најде во центарот на внимание на светската јавност по освојувањето на “Златната топка“, но тоа беше повод јавноста да загребе и под површината на неговиот приватен живот.

Модриќ важи за примерен семен човек кој од својата 19-година е со неговата сопруга Вања Босниќ со која имаат три деца, синот Иван (8), и ќерките Ема (5) и Софија (1). Сепак, медиумите во регионот откриваат дека брачната хармонија во семејството Модриќ и не е толку идеална како што изгледа на прв поглед. Причина е неговата љубовна врска со позната хрватска новинарка и поранешна манекенка.

Лука Модриќ наводно со години е во врска со хрватската новинарка Фани Стипковиќ. Атрактивната хрватска новинарка никогаш јавно не објавила заедничка фотографија со Модриќ, но никогаш јавно не признала ни дека има момче.

Таа пред пет години ја напушти Хрватска и се пресели во Мадрид каде што живее и Модриќ од 2012 година кога се пресели во Реал Мадрид.

Лука и Фани се познаваат уште од 2009 година кога таа му правела интервју додека Модриќ настапувеше во Тотенхем и тогаш живееше во Лондон. Набрзо откако хрватскиот фудбалер се пресели во Мадрид, таму замина да живее и Фани Стипковиќ.

Јавноста повеќе пати низ изминатите години ги поврзуваше и ги наоѓаше „во исто време на исто место“, после што се појавија и првите гласини за нивната љубовна врска.

Фани Стипковиќ сега работи како слободен новинар, а Лука Модриќ е промотор на нејзината нова емисија.

Се вчитува...