Лукаку го промашуваше невозможното… Хрватска и Мароко се во осминафинале, Белгија си оди дома

Мароко и Хрватска се пласираа во осминафиналето од Светското првенство во Катар. Во последните натпревари од групата „Ф“ Хрватите успеаја да извлечат реми без голови против Белгија во натпревар во кој Лукаку го промашување невозможното, додека Мароканците славеа со 2-1 против Канада и од првото место одат во нокаут-фазата.

По бледото прво полувреме Хрватите и Белгијците стигнаа до добри шанси за затресување на мрежата во вториот дел. Поблиску беа фудбалерите на Белгија кои преку Лукаку ја затресоа пречката, а потоа корпулентниот напаѓач имаше и шанса со глава, но не успеа да го совлада хрватскиот голман стрелајќи над голот. Напаѓачот на Интер на крајот имаше уште две шанси непосредно пред голот на Ливаковиќ, но едноставно не беше негов ден.

Мароко рано стигна до предност од 2-0, а и покрај тоа што со автоголот на Агуерд истата се намали на 2-1 по 45. минути игра, Канада не успеа да стигне до изедначување во вториот дел па северноафиканската држава стигна до седум осовени бода за пол-позиција.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...