Луксуз од бајките: Надал ја има најубавата јахта во светот

Рафаел Надал знае да ужива во богатството што го создаде за време на тениската кариера, откако Шпанецот реши да инвестира дел од своето богатство во нова јахта.

Тој ја продаде старата јахта „Бетовен“ за сума од 2,3 милиони евра, по што инвестираше 5,5 милиони за купување на нова луксузна јахта, што американскиот магазин „Роб Репорт“ ја прогласи за најубава во светот.

Станува збор за јахта долга 23 метри што има мотори од 1200 коњски сили. Таа може да прими 12 гости, има четири кабини за посетителите и две за членовите на екипажот. Во неа има гаража за џет-ски, спа базен, отворена куја и бар на палубата.

Во светот сигурно постојат и далеку полуксузни и поскапи ексклузивни бродови, но едноставноста и функционалноста на оваа јахта на Надал го донесе епитетот „најубава во светот“, според американскиот магазин „Роб Репорт“.

Се вчитува...