М12: МЗТ Скопје преку Вардар до шампионската титула, Ѓорѓиевски МВП (ВИДЕО)

www.kfsm.mk

МЗТ Скопје е шампионот на М12 категоријата откако во големото финале „сино-белите“ славеа над дотогаш непоразениот Вардар со 49-47. Аеродромци кои по три четвртини имаа водство од 42-36, победата мораа да ја осигураат во завршните минути откако Вардар успеа да се врати во мечот, но немаше сили да го задржи водството.

При резултат 45-45, Коневски погоди за три поени, а потоа Ѓорѓиевски со едно слободно фрлање донесе 49-45 кои беа недостижни за противникот. Токму Ѓорѓиевски кој на натпреварот постигна 17 поени беше прогласен и за најдобар играч.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...