Во 2025 година, главниот град на Шпанија, Мадрид, ќе стане четвртиот европски град кој ќе биде домаќин на натпревар од американската професионална лига во американски фудбал (НФЛ), а натпреварот ќе се одржи во домот на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“.
Првиот европски град кој беше домаќин на НФЛ натпревар беше Лондон во 2007 година, а досега се одиграни 36 натпревари од НФЛ во главниот град на Велика Британија, повеќето на Вембли, неколку од нив на Твикенхем, а од 2019 година се игра и на новиот стадионот на Тотенхем Хотспур. Во 2022 година првиот натпревар од НФЛ се одигра во Германија, на „Алијанц арената“ во Минхен, додека оваа година на листата се запиша и Франкфурт.
„Доаѓањето на НФЛ на Сантијаго Бернабеу е важен настан во спортската историја. Оваа стратешка соработка ќе ги зајакне нашите два бренда на глобално ниво и ќе биде ентузијастички пречекана од милиони луѓе на сите континенти“, најави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА