Махомс: Ова е најважниот Супербоул во мојата кариера

Квотербекот на Канзас Сити, Патрик Махомс го предводеше својот тим до трофејот во Супербоулот 58 со партија вредна МВП признание.

За Мамомс тоа е трет трофеј во најпрестижното американско натпреварување, а во разговор за американските медиуми по крајот на финалето откри дека овој трофеј е најомилениот со оглед на проблемите кои ги имаше тимот во сезоната.

„Овој Супербоул ми значи најмногу. Бидејќи се случуваа различни работи низ кои моравме да поминеме. Тие не подготвија за плеј-офот. Имавме досега одлични мечеви во плеј-офот, но овој ни беше најдобар бидејќи се боревме и кога ситуацијата не беше сјајна“, изјави Махомс кој имаше и пофални зборови за тренерот Енди Рид.

„Тој е еден од најдобрите тренери на сите времиња. Знам дека ги нема освоено сите трофеи и има уште многу врвни тренери, но начинот на кој тој ги води натпреварите и прави успех каде и да е… Што се однесува до мене, тој го вади најдоброто од мене бидејќи ми дозволува јас да бидам јас. Тоа е важно. Не ме тера да бидам некој друг. Мислам дека не би бил ваков квотербек доколку не беше тој. Покрај тоа мислам дека е и многу добра личност и тоа е нешто навистина посебно“.

Се вчитува...