Махоумс доби рекорден договор од Чифс, но во следните десет години ќе мора да жртвува многу работи

Квотербекот на Канзас Сити Чифс, Патрик Махоумс доби најскап договор во историјата на спортот, откако актуелниот НФЛ шампион му понуди договор од неверојатни 503 милиони долари за десет сезони. Потпишувањето на најскапиот договор во историјата на спортот значи дека Махоумс сепак ќе мора да жртвува многу работи. Одличниот квотербек откри дека ќе мора да се откаже од многу работи, како би го испочитувал договорот.

„Мислам дека не смеам да играм кошарка во следните десет години. Исто така и бејзбол мислам дека не ми е дозволен. Знам дека има многу спортови на листата кои ми се забранети. Се наведоа од клубот, дури мислам дека ми е забрането и џет-скијање. Секоја физичка активност освен фудбал ми е забранета. Ќе морам да се посветам само на фудбал и видео игри“, изјави Махоумс. 

Патрик Махоумс ги однесе Чифс до првиот супербоул по пауза од 50 години, откако во февруари неговиот тим триумфираше над Сан Франциско фортинајнерс со 31-20, а одличниот квотербек беше избран за најкорисен играч на натпреварот.

Се вчитува...