Маја Бобан освои бронза на европскиот онлајн самбо куп

Македонската репрезентативка во самбо, Маја Бобан која се натпреварува во категоријата до 68 килограми заврши на третото место на онлajн купот на европско ниво кој се одржа викендов. Бобан за местото во финалето загуби од Шпанецот Адријан Лабрадо. Претходно таа забележа победи против претставниците на Франција во почетната фаза, а на Словенија со што обезбеди борба за полуфинале.

Во конечниот распоред, Македонија заедно со Русија е на третото место зад првопласираната Германија и Шпанија на второто место.

„Победата над Словенецот многу ме израдува и моментот дека веќе сум во првите тројца. Тоа беше изненадување и за мене. Многу се подготвував. Голема поддршка имав од тренерот Ердал Факиќ кој веруваше во мене дека можам и сум подготвена да бидам на исто место со самбисти кои се носители на европски и светски медали. На пример, Лабрадо е 5-ти во Европа, 7-ми во свет“ – вели Маја Бобан.

Турнирот се одржа во форма на квиз, а спортистите го покажуваа знаењето за самбо техниките, снаодливвоста и во некои случаи физичката подготвеност со изведување вежби. Секоја држава има право на по еден претставник. Натпреварувањето продолжува на останатите контиенти.

Се вчитува...