Мајката на Дражен Петровиќ – Кога го гледам Новак како да го гледам син ми

Мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, Бисерка во интервју за српските медиуми го спореди најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ со нејзиниот син.

„Кога го гледам Новак, како да го гледам мојот Дражен. Ѓоковиќ како да е излезен од мојата куќа. Тешко ми е кога е повреден и кога се пишува лошо за него. Мојот син и Новак се најголемите спортисти излегле од овие простори“, изјави Бисерка Петровиќ. 

Новак Ѓоковиќ неделава е во Дубаи каде го помина првото коло на АТП турнирот од серијата 500 кој Србинот досега го освојуваше четири пати (2009, 2010, 2011 и 2013 година).

Се вчитува...