Мајката на еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, Дијана во интервју говореше за голем број интересни детали околу животот на нејзиниот син.
„Има луѓе кои завидуваат на успесите на мојот син, што да се прави, тоа веројатно е нормално. Но, мислам дека 99 отсто од нормалните луѓе во светот го сакаат мојот син“, изјави Дијана.
Инаку, Новак Ѓоковиќ стигна до рекордно осмо финале на Австралија опен, а во недела ќе има можност да се бори за својата осма титула на првиот грен-слем турнир во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА