Европското првенство во кајак на диви води во спринт и класик за сениори ќе се одржи претстојниот викенд на патеките на Вардар и на Матка во Скопје, а 176 учесници од 18 земји ќе продифелираат во наредниве четири дена и ќе го збогатат спортскиот изглед на Скопје.Голема е честа, но и одговорноста за организација на еден ваков настан каков што е Европско сениорско првенство во кајак на диви води во спринт и класик.
„Агенцијата за млади и спорт секогаш е главниот подржувач на настани организирани од кајак федерација на Македонија, која во изминативе години е водечка во организирање на натпревари од меѓународен карактер. За организација на овој настан од буџетот на Агенцијата се одвоени 1,2 милиони денари. Свеченото отворање на настанот е плоштад „Филип Втори Македонски“ со почеток од 20 часот. Ја користам оваа прилика да ги повикам граѓаните на Скопје и пошироко да бидат дел од оваа манифестација која има огромно значење како за градот Скопје, така и за Македонија“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
На прес конференцијата беа присутни и претседателот на Кајакарската федерацијата на Македонија, Коста Ефтимов, како и спортскиот директор и технички организатор на натпреварот, Атанас Николовски.
„Подготовките за старт на Европското првенство во кајак на диви води се во завршна фаза. Очекуваме оклу 180 старта, што укажува на масовност на ова натпреварување, а за квалитетот зборува учеството на Словакот Матеј Пенуш, второпласираниот на ОИ во Рио, Нејц Ждинанчиќ од Словенија, Томислав Леко од Хрватска, како и одличниот тим од Франција, сите кои во моментов се во врвот на европскиот и светскиот врв. Посебно е задоволството што годинашниот меѓународен календар на натпревари стартува токму од Македонија, која е домаќин на Европското јуниорско во 2018, но е и еден од посеризните кандидати за организација на светското сениорско кое е на календарот на натпревари во 2019“, истакна Атанас Николовски.
Тој изрази голема благодарност до сите волонтери од Македонија, на кои на големо задоволство им се приклучуваат и волонтери од Босна.
Македонскиот тим брои 7 натпреварувачи од кои 4 во К1, 1 во Ц1 и двајца во Мастерс. Најмногу се очекува од Љубомир Спасиќ, вториот од европскиот куп во спринт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА