Македонија пред 25 години токму против Лихтенштајн со најубедливата победа во историјата…(ВИДЕО)

Македонската репрезентација е голем фаворит против Лихтенштајн во второто коло од квалификациите за СП 2022. Апсолутно секој очекува победа на националниот тим вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје, иако јасно е, пак, дека тешко повторливи се оние 1-11 против оваа селекција од 9. ноември 1996 година.

Пред 25 години Македонија во Ешен против Лихтенштајн ја запиша досега најубедливата победа во историјата, 1-11, во квалификациите за СП 1998 во Франција.

Главевски со хет-трик ги предводеше стрелците, а по два гола постигнаа и Саша Ќириќ, Тони Мицевски и Митко Стојковски, и по еден Ѓорѓи Христов и Ванчо Мицевски.

Се вчитува...