Македонија „скокна“ во машка, а бележи пад во женска конкуренција во рангирањето на ЕХФ

Македонија скокна едно место во машка и забележа пад од четири позиции во женска конкуренција на ранг-листата на младинските репрезентации на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за период од четири години.

Според овие ранг листи ќе бидат формирани листите на носители во ждрепките за следните квалификации за европските првенства во младинските категории.

Во машка конкуренција, Македонија сега е на 16-та позиција на ранг-листата и скокот од една позиција нема да направи никакви измени бидејќи само осумте најдобри селекции нема да играат во квалификациите за европските првенства.

Во женска конкуренција падна од 19-та на 23-та позиција и нема да донесе големи промени кога ќе бидат одредувани носителите.

На врвот на ранг листата е Данска, а по неа следуваат Германија и Шпанија, додека „ослободени“ од квалификации за ЕП до 18 години се и Шведска, Унгарија, Португалија, Словенија и Исланд. Во женска конкуренција, најдобри се Данска, Шпанија и Франција.

Рангирањето се прави врз основа на постигнатите резултати во четиригодишен циклус, со тоа што за првите две години се пресметува 50 отсто од коефициентот, а за последните две години – 100 отсто од коефициентот.

Се вчитува...