Македонската едриличарска репрезентација денеска отпатува за Изола, Словенија, каде од 5. до 12. април ќе учествува на Европското младинско првенство во класата Ласер – ИЛКА 4.
Ова е уште еден настап на најдобрите македонски едриличари во континуитет на најсилните европски собири, на кој ќе учествуваат 365 едриличар(к)и од 33 земји од Стариот континент.
Македонија на европскиот шампионат ќе ја претставуваат пет репрезентативки, Андреа Кавај, Илина Гаџовска, Софија Ставрева, Јана Неданоска и Евгенија Ставрева, од клубовите ЕК Снегар од Струга и ЕК Акватика Јахтинг од Охрид, а под водство на селекторот на македонската едриличарска репрезентација, Стефан Ставрев и тренерот и член на натпреварувачката комисија на ЕФМ, Драган Ќелешовски.
Македонската репрезентација од утре па се до 6. април за кога е закажан стартот на првите трки, во Изола ќе реализира и тренинг-подготовки со меѓународни тренери, како едриличарките што поподготвени би го дочекале настапот на првенството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА