Манчестер Јунајтед е најбогатиот клуб на светот

Така, сајтот специјализиран за бизнис во спортот „Спортико“ објави листа на највредните фудбалски клубови во светот во моментов, а прв на листата е Манчестер Јунајтед со вредност 6,2 милијардо долари.

Од заминувањето на Сер Алекс Фергусон, Јунајтед не бележи врвни резултати бидејќи трофеите од домашните купови заедно со еден пехар во Лига Европа секако не ги задоволуваат амбициите на навивачите, но не оправдуваат ниту големи инвестиции.

Втор на листата е финалистот во Лигата на шампионите Реал Мадрид со вредност од 6.060.000.000 долари, додека трета е Барселона со 5.280.000.000 долари.

На четвртото место е Ливерпул со 5.110.000.000 долари, а Баерн Минхен 4.880.000.000 долари.  Интересно, Манчестер Сити е само шести со вредност од 4.750.000.000 долари и покрај огромните инвестиции од доаѓањето на сопственикот од Обединетите Арапски Емирати, а на листата има дури пет клуба од МЛС лигата.

Се вчитува...